четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 87 ново

Цеца и Аца Лукас се на црната листа на САД

Српската фолк-ѕвезда Цеца Ражњатовиќ е на црната листа на САД, а се наведува дека САД на српската пејачка Цеца не ѝ ги простуваат гревовите од бракот со Жељко Ражнатовиќ – Аркан, кого го оценуваат како воен злосторник и криминалец.

На црната листа се и Војислав Шешељ, Аца Лукас, Мерима Његомир, Горан Радосавлјевиќ -Гури, како и началникот на генералштабот Љубиша Диковиќ, објави српски „Телеграф“.

На списокот се наоѓа и Војислав Шешељ поради воената реторика. Тој има и блокирани сметки во САД, каде што заработувал како преведувач. Последен на списокот се најде и началникот Генералштабот, Љубиша Диковиќ, на кого амбасадата одбила да му издаде виза. Тој требало да патува во САД за да одржи предавање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top