среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 125 ново

Тргнал на прослава, полицијата го фати – детали за последното апсење за настаните од Собранието

Полицијата денеска потврди дека синоќа бил уапсен Младен Додевски, еден од осомничените за собраниските инциденти на 27-ми април, кој досега беше во бегство, јави Телма.

Тој беше баран со потерница, а беше уапсен пред ресторан во Скопје, каде тргнал на семејна прослава.

Полицијата го чекала пред ресторанот и го уапсила кога пристигнал. Веднаш е префрлен во полициска станица, а нему веќе му е определен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top