понеделник, 18 јуни 2018 | Вести денес: 81 ново

Нема веќе вињетки, како ќе се наплаќа на автопатиштата?

Голема промена ќе ги опфати системите за наплата на користење автопатишта.

Директорот на Хрватски автопатишта Борис Хузјан изјавил дека се подготвува ваква промена на ниво на цела Европска унија.

-Во контекст на развојот на модел на наплата на патарина за сите видови возила, важно е да се истакне дека со предлогот на нова директива на Европскиот парламент е планирано во блиска иднина плаќањето на патарини да биде можно единствено по модел на преминат дел од автопат, а не наплата за одреден период на користење – изјавил Хузјан.

Како вели, тој систем веќе постои во Хрватска.

-Ресорното министерство во рамки на сите реформи кои ги спроведуваме распиша јавен повик за искажување на интерес за изработка на студија за развој на електронскиот систем на наплата на патарини во Хрватска, вели тој.

Намерата, како наведува, е да се унапреди постоечкиот систем на наплата на патарини, а студијата ќе покаже кок облик на електронски систем на наплата е најпогоден за автопатиштата, уважувајќи ги новите технологии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top