вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 84 ново

„Фејсбук“ најави драстични промени

Марк Закерберг, основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, најави големи промени во алгоритмот кој ја уредува почетната страница. Отсега во њуз фид приоритетот ќе биде ставен на осмислените социјални интеракции наместо на релевантните содржини. Според „Гардијан“ на овој начин времето кое корисниците ќе го поминуваат на Фејсбук ќе биде квалитетно.

Конкретно, тоа значи дека „Фејсбук“ ќе го намали значењето и дофатот на постовите, фотографиите и видео-клиповите кои ги споделуваат медиумите и компаниите – или според зборовите на Закерберг, приоритетот веќе нема да биде на „јавните содржини“ туку на содржините кои ги произведуваат нашите пријатели и членови на семејството.

Како што пишува „Гардијан“ се чини дека овие промени се замислени и како одговор на критиките што ги трпеше „Фејсбук“ минатата година, а според кои оваа социјална мрежа беше обвинета за ширење дезинформации, со кои подоцна се влијаеше и врз изборите во САД на крајот на 2016 година, но и за експлоатација на човечката психологија заради стекнување профит.

Оваа промена најмногу ќе влијае врз медиумите кои произведуват вести, со оглед што послените години многу од нив ги прилагодиле своите содржини за рекламирање на оваа социјална мрежа на постоечкиот алгоритам на њуз фид. Закерберг признава дека овие промени ќе резултираат со намалување на времето што корисниците го поминуваа на „Фејсбук“, што би можело да има негативни последици врз компанијата, барем краткорочно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top