петок, 20 април 2018 | Вести денес: 3 ново

Жените го „распнаа“: „Франко не тераше голи да снимаме оргии“

Oткако три соработнички на Џејмс Франко го обвинија актерот дека сексуално ги вознемирувал, а тој ги отфрли обвинувањта, уште две жени изнесоа детали за незгодни искуства со филмачот.

Актерките Violet Paley (23) и Sarah Tither-Kaplan (26) обвинувањата за Франко (39) прво ги изнесоа на своите социјални профили, а потоа детално проговорија за Лос Анџелес Тајмс.

Violet откри дека имала романтична врска со Франко, но при една прилика, вели, ја присилил да му пружа орален секс во автомобилот.

Останатите четири жени по ред ги посетувале часовите по глума на Франко во неговото студио или во школите за глума.

Sarah Tither-Kaplan рекла дека нејзе и другите актерки ги присилил да ги симнат „покривките“ од интимните делови додека снимале сцени за орален секс со него.

-Долго работев со Франко во неговата школа ‘Studio 4’, а во улогата во новиот филм ‘The Long Home’ ми беше голема шанса да се пробијам.Но веднаш откако ја добив улогата на интернет видов објавена снимка на која сум топлес, а се работеше за сцена која ја вежбавме и работевме во студиото. Никој не бараше моја дозвола тоа да се објави-раскажува Сара, која смета дека тоа видео ќе и наштети во обидот да ја оствари кариерата.

Актерката рекла дека таа се согласила на голи сцени бидејќи набрзо сфатила дека Франко веќе не повикува актерки кои одбиваат да бидат топлес.

-Кога ме пребарувате, прво што гледате е моја гола фотографија. Тоа не го сакам, не сакав таков имиџ-објаснила Tither-Kaplan.

Во филмот ‘The Long Home’ кој Франко го режирал глумат и Ashton Kutcher, Courtney Love, Josh Hutcherson и Timothy Hutton.

-Тврдењето дека Франко на актерките им ја трганл заштитата не се точни. Нему одсекогаш му беше најважно да им даде шанса на младите уметнички да ги остварат кариерите, а никогаш не снима голи кадри пред да е убеден дека на сите во сетот им е пријатно-рекла Cynthia Huffman-кастинг менаџерката на филмот.

Актерките Hilary Dusome и Natalie Chmiel посетувале часови по глума во школото на Франко ‘Playhouse West’. Двете тврдат дека режисерот и актер своите ученички често ги ставал во незгодни позиции кои го надминуваат професионалното однесување.

-На двете ни кажа да снимиме некое уметничко парче и кадрите да се искористат и во реклама за фармерки. Кога сфативме дека се снима во стриптиз клуб, ни беше непријатно, атмосферата беше грозна. Потоа не подреди и праша: „Кој сака да ја симне маичката?“ . Тогаш сфатив дека не нѐ повика бидејќи верува во нашата глума туку поради што имаме убави гради. Мислам дека немаше лоши намери на почеток, но целиот процес помина многу лошо-рекла Dusome.

Уште една поранешна ученичка на Франко, Katie Ryan рекла дека холивудскиот актер на сите им става до знаење дека имаат прилика да добијат улога во негов филм ако покажат гради или изведат некој сексуален чин на сцена или пред камери.

-Со месеци на е-маил ми праќаше понуди да одам на аудиции за улога на проститутка-рекла Ryan .

Франко кој во пресрет на обвинувањата ја доби наградата Златен глобус во филмот ‘The Disaster Artist’, ги негираше обвинувањата при гостување во емисијата на Stephena Colbert, а по пишувањата во Лос Анџелес Тајмс, тоа го направи и преку својот адвокат Michael Plonsker.

-Ако научив нешто, тогаш тоа е дека времето е за слушање. Ќе дозволам да се случи она што мора да се случи-порача актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top