петок, 20 април 2018 | Вести денес: 3 ново

Во Тетово приведени танчерки од Албанија и Србија

Во рамки на континуираните активности на СВР Тетово по однос на илегалниот престој и работа, извршени се нови акциски контроли во три угостителски – во тетовското село Горно Седларце и во гостиварското село Равен при што се затекнати осум странски државјанки,седум од Албанија и една од Србија.

Така, во контролата на угостителскиот објект во Горно Седларце, сопственост на Б.Л. (48) од Тетово, покрај две албански државјанки кои што го злоупотребиле туристичкит престој во земјава затекнати се и пет македонски државјанки и сите тие биле танчерки во угостителскиот објект. Двете албански државјанки се приведени во Полициската станица Тетово, и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок и ќе бидат депортирани во нивната матична земја.

Додека при контролата во угостителски објект во Тетово сопственост на Б.М.(36), затекнати се пет лица, од кои четири државјанки на Албанија и една македонска државјанка. Против странските државјанки се поднесени барања за прекршочна постапка, при што од страна на Основен суд им е изречена глоба во износ од по 400 евра и мерка протерување од Македонија со забрана за влез од една година.

Во контролата, пак, во угостителски објект во село Равен, сопственост на Ј.А., затекнати се седум лица, од кои две странски државјанки,една од Албанија и една од Србија и пет македонски државјанки. Странските државјанки се приведени во Полициска станица Гостивар, поради непријавен престој и злоупотреба на туристички престој во Република Македонија, и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок и ќе бидат депортирани во нивните матични држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top