недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 8 ново

Во Вардар пронајден труп во распаѓање, мртов 56-годишен маж во подрум во Штип

На местото викано „Горна Лака“, во водите на реката Вардар, вчера околу 14.20 часот во близина на мостот кај село Уланци, велешко, било пронајдено тело на маж во фаза на распаѓање.

Било констатирано дека се работи за А.Н. (77), кој бил пријавен за исчезнат на 4 декември лани. Телото на починатиот било предадено за обдукција.

Вчера, во полициската станица во Штип, 60-годишен маж пријавил дека во неговиот дом, во подрумскиот дел од куќата, го пронашол починат Д.М. (56) од Штип. Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предаден во Клиничката болница во Штип за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top