понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 45 ново

Заев избега од црниот четврток: Двојазичност, притвори и задолжувања – премиерот скија, Кочо дипли милиони на сметка на името

Црн четврток, вака слободно може да биде наречен 11.01.2018. Македонската јавност е бесна поради бројните скандали и национални отстапки кои се случија во последните 24 часа.

Закон со кој Македонија станува двојазична земја, продолжен притвор за уставо-бранителите, продажба на најголемиот индустриски снабдувач со електрична енергија ЕДС на Република Грција, задолжување од пола милијарда евра, откажување на изградбата на карго-аеродромот во Штип, тајни преговори за промена на името помеѓу Димитров и Коѕијас во хотел во Атина, запленети 150 килограми дрога во Арачиниво – ова се сите потресувачки и штетни настани кои се случија во последните 24 часа а заедничко за нив е што поминаа без присуство на премиерот Зоран Заев, кој, додека се случува ова е на скијање во Италија.

„Зајадливата“ јавност ќе праша: Замислете се ова да се случеше за време на владеењето на Никола Груевски? Какви ли протести ќе иницираше СДСМ на улиците? Кои ќе беа пораките на амбасадорите? Веројатно многу пожестоки од сега, кога воопшто ги нема.

Денешниот ден беше забележан и од будните следачи на политичките прилики, кои се најдоа во незгодна ситуација па не можеа да ги рангираат по важност сите скандалозни настани кои се случија во последните 24 часа.

11.01.2018 ќе остане во историјата запаметен како денот кога владејачкото мнозинство во Собранието составено од СДСМ и коалицијата заедно со партиите од албанскиот блок, Македонија ја претвори во двојазична држава. Со новиот закон за двојазичност, на цела територија на државата албанскиот јазик и неговото писмо ќе бидат официјални.

Законот беше изгласан со 69 гласови, од кои 43 беа на СДСМ и коалицијата. ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност, која ја сочинуваат и универзитетски професори блиски до владејачката партија, законот го оценија како против уставен. Со него се предвидуваат нови двојазични патоказни табли (кои експресно почнаа да се поставуваат), двојазични банкноти на денарот, двојазични табли на институциите низ цела Македонија, формулари, двојазично судство, двојазична комуникација на локалните и државните институции и во општините кои се чисто македонски итн.

Mакедонски денар со албански симболи

Освен албанските партии за овој закон гласаа сите пратеници на СДСМ, засилени од Амди Бајрам од Сојузот на Ромите и Чедо Саздовски кој „прелета“ од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега очите на јавноста се вперени во претседателот Иванов, кој има право да не го потпише указот за овој закон, но Артан Груби од ДУИ се закани дека доколку Иванов стави вето, тие законот ќе го изгласаат повторно.

И додека во Македонија се носеше закон со кој практично се редефинира државата, министерот Никола Димитров отиде на тајна средба во Атина со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Оваа средба се одвиваше надвор од очите на јавноста, во приватен ангажман на двајцата министри во хотел во Атина.

Во штурото соопштение кое го пратија, двете страни само соопштија дека бараат решение на спорот со името. Провладините медиуми пак, пишуваат дека Коѕијас и Димитров се договориле уставното име на Република Македонија да се менува без референдум.

Димитров и Коѕијас очекуваат Нимиц во Њујорк да даде иницијална рамка за решавање на името

Во оваа напната ситуација со законот за двојазичност и преговорите со Грција, премиерот Зоран Заев го нема нигде. Тој на почетокот на неделава замина на скијање во Италија, а  додека Заев скија, Кочо Анѓушев се богати.

Вицепремиерот денеска ја продава неговата компанија ЕДС, која е најголем снабдувач за индустриска електрична енергија, на грчката Public Power Corporation – PPC, која е најголема грчка енергетска компанија, чиј доминантен сопственик е грчката држава.

Значи, во екот на преговорите за името македонскиот премиер прима десетици милиони долари од државната каса на Република Грција, што скандалот го прави уште поголем.

Сомнително: Во екот на продажбата на државното име, Анѓушев ја продава ЕДС на Грци

Сумата која ја ќарил Анѓушев допрва ќе ја дознаеме, а во петок ќе дознаеме и дали судот ќе им го продолжи притворот на интелектуалците и граѓаните кои се теретат за тероризам на 24 април?

Откако народниот правобранител утврди дека сите процедури се прекршени со притворањето на пратениците, интелектуалците и граѓаните  се уште останува нејасно зошто тие остануваат во притвор? Ако се знае дека овие лица се безопасни за околината, за разлика од убијците на децата кои беа убиени на Велигден крај Смилковско езеро а кои сега слободно се шетаат низ Скопје, пуптени од затвор од власта.

Денешната јавна расправа на апелација помина засенета од останатите настани.

Пепиќ: Ја маскирав Шекеринска во медицинска сестра за да ја спасиме

 

За сликата да биде целосна, освен национални на црниот четврток се случија и економски катастрофи. Имено, денеска државата се задолжи за пома милијарда евра преку евро обврзница. Државата ќе го исплаќа долгот во наредните 7 години и со каматна стапка од 2,75 проценти.

Овие пари ќе легнат во буџетот, кој е најголем во историјата на Македонија, но, во исто време и покрај големита на буџетот, Европската Комисија предвидува најмал економски раст во споредба со сите земји во регионот.

Владата се погрижи енормното задолжување да не биде единствена економска „бомба“, па синоќа го откажаа договорот со ТАВ за изградба на карго-аеродром во Штип, кој ќе значеше многу за економијата и за извозот од земјата.

Kарго аеродромот во Штип нема да се реализира

Во исто време, од владата се пофалија што го раскинале договорот со ТАВ, затоа што тој бил штетен – целата инвестиција била од турската компанија а државата била оштетена со тоа што на Турците им дала бесплатно земјоделско земјиште на кое Турците требаше да го градат аеродромот.

За сликата за „црниот четврток“ да биде целосна, се погрижија и Арачиновци, на кои им беа запленети 150 килограми дрога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top