вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 56 ново

Борко ги претстави „лудите“ патики со кои ќе брани во Хрватска

Македонскиот голман Борко Ристовски со луди патики ќе брани на Европското првенство кое утре започнува во Хрватска.

Патиките специјално се дизајнирани со него, што треба да претставува дополнителен мотив за македонскиот „министер за одбрана“.

Инаку, македонската ракометна репрезентација денеска допатува во Загреб и во сабота ќе го има првиот меч на Европското првенство во Хрватска.

Стартуваме против Словенија во 19.30 часот. Се надеваме дека овие патики ќе му донесат среќа на Борко и на Македонија.

Да го направиме она што најдобро го знаеме!

Македонската ракометна репрезентација која од утринава е во Загреб, попладнево го одработи првиот тренинг.

Предводени од селекторот Раул Гонзалес „црвено-жолтите„ тренираа во салата „Дом Спортова“,која служи за тренинг на репрезентациите учеснички Европскиот шампионат, односно оние кои Ц групата кои ќе играат во Загреб.

Утре, македонската селекција ќе тренира во загрепска „Арена“, каде во сабота од 19 часот и 30 минути ќе го одиграат првиот меч на шампионатот против Словенија.

– Треба да се сконцентрираме на она што најдобро го правиме, дали било тоа во одбраната или во нападот. Само со таков пристап и со максимална ангажираност и борбеност можеме да направиме позитивен резултат. Мислам дека тоа е клучно на успехот во ваков турнирски систем на натпревари, изјави искусниот чувар на голот на Македонија, Борко Ристовски.

Според најавите „црвено-жолтите“ ќе имаат голема помош од навивачите кои се очекува во илјадници да пристигнат од сите делови на Македонија, но и од дијаспората во Европа.

Покрај Македонија и Словенија, во Ц групата се и селекциите на Германија и на Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top