сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 73 ново

Исповед на поранешен член на Атлетико и Реал Мадрид: Ние фудбалерите не ги цениме парите, за една вечер направив сметка од 15.000 евра…

Во светот на врвниот и квалитет фудбал се вртат големи суми на пари, но тие навистина високи финансиски средства понекогаш можат да бидат товар и проблем.

Токму своето искуство на ова тема го искажа поранешниот член на Атлетико и Реал Мадрид, Алваро Домингез кој поради повреда беше принуден многу рано на 27 години да ја заврши својата кариера.

-Тоа е голема промена и без соодветна едукација тешко е да се раководи со овие пари. Фудбалерите честопати се критикувани, но ако на некој на улица кој често се мачи на да го скрпи месецот му дадете еден милион евра ќе видите што ќе се случи. Тоа не се разликува од било кој фудбалер. Кога сте играч не ги цените парите. Гледате што поскапи и што поголеми коли. Ќе земете приватен авион да одите на оброк и сметате дека е нормално. Јас сум првиот што го направив тоа. Излегов еднаш со пријателите и се најдов со сметка за 15.000 евра. Нормално е дека мислите дека сум глупав, ама тоа е нешто што го правите еднаш за да сфатите, ама мора да цениме тоа не е реалност. Проблемот е што многу ја губат својата перспектива, а исклучокот станува правило, -истакна Домингез кој кариерата ја заврши како член на Борусија Менхенгладбах.

Извор: Дерби

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top