среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 126 ново

Кацикис: Независни Грци ќе учествуваат на протестите во Солун

Пратеникот од Независни Грци, Костас Кацикис, говорејќи за солунското радио Фокус, откри дека тој и неговите колеги од партијата, ќе бидат дел од протестите во Солун на 21. јануари, за името.

– Бидејќи Независни Грци, патриотските прашања ги имаат на врвот од агендата. Како е можно Независни Грци да не учествуваат во протестите и во активностите на народот?, го праша новинарот, пратеникот од партијата – коалиционен партнер во владата.

– Кој ви рече дека нема да учествуваме? Во Солун е радиото, таму сте, ќе нѐ видите. Секако дека Независни Грци ќе учествуваат на собирите, ќе бидат таму нашите пратеници, Македонците, оние од Северна Грција, ќе се обидам да дојдам и јас, рече Кацикис за солунското радио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top