сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 63 ново

Димитров и Коѕијас очекуваат Нимиц во Њујорк да даде иницијална рамка за решавање на името

Денеска во Солун, се сретнаа министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Средбата се одржа во рамки на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба. Министрите изразија заедничко очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари 2018 година, личниот претставник на Генералниот секретар на ОН Метју Нимиц, ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името.

Димитров и Коѕијас разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликата околу името, и се сложија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името. Исто така тие разменија мислења поврзани со Мерките за градење доверба и други подготовки околу следните средби на високо политичко ниво меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top