среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 122 ново

Поскапа регистрација за постар автомобил?!

Возилата што повеќе загадуваат и се постари да плаќаат повисока цена за регистрација. Ова е една од мерките кои се разгледуваат за намалување на аерозагадувањето. Министерството за економија засега не открива детали. На прашањето на Алфа што се предвидуваат измените на законот за возила кои веќе се подготвуваат добивме штур одговор.

Единствената официјална информација е дека сите автомобили ќе добијат еколошки лепенки кои ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кој автомобил колку загадува. Со тоа на полесен начин би се селектирале сите оние кои треба да бидат исклучени од сообраќај при енормно загадување на воздухот. Молк за тоа колку би чинеле техничките прегледи за мерење на загадувањето на секој автомобил а и самите лепенки.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика на македонските патишта, заклучно со крајот на 2015-та година, имало вкупно 383.833 регистрирани автомобили. Најголем дел од нив, 261.470, се произведени пред 2002-та година односно се постари од 15 години! Што би значено дека доколку би стапил во сила законот за повисоки давачки на постарите возила повеќе од половина од луѓето ќе мораат да плакаат повисока цена за регистрација.

Покрај поскапата регистација на постарите возила, предвидено е менување на табличките на такси превозниците, сите таксисти ќе треба да добијат жолти регистрации со што би се одвоиле од останатите автомобили.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top