четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 74 ново

„Алкалоид“ пушти во употреба нови производни капацитети – инвестиција вредна над 2,5 милиони евра

Следењето на светските трендови во фармацијата и производство на ценовно достапни,  квалитетни, ефикасни и безбедни  лекови кај кои заштитниот знак на „Алкалоид АД“ е синомим за високото ниво на квалитет и сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на компанијата. Доследно придржувајќи се до годишниот план за капитални вложувања за 2017 година (CAPEX), „Алкалоид АД Скопје“ успешно ги реализираше планираните инвестициски активности во нови производни капацитети во рамки на профитниот центар Фармација.

Во присуство на претставници на менаџментот на „Алкалоид АД Скопје“, компанијата официјално предаде во употреба три инвестициски проекта: Погон за  производство на полу-цврсти фармацевтски форми (масти, креми, гелови и вагитории); Централна Вагална 2 и Одделение за пакување на цврсти фармацевтски форми.

Новите производни одделенија се простираат на површина од 1000 м2 а вредноста на оваа нова инвестиција на „Алкалоид АД Скопје“ изнесува над 2,5 милиони евра. При изведбата на сите овие проекти, имплементирани се најсовремените стандарди за Добра Производна Пракса (GMP).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top