понеделник, 18 јуни 2018 | Вести денес: 62 ново

Пронајден дел од накитот украден од „Риц“ во Париз

Еден дел од украдениот накит од златарницата во парискиот хотел „Риц“ е пронајден, а двајца од вкупно петмината ограбувачи уште се во бегство, соопшти денеска полицаец, кој побара да остане анонимен.

Еден од напаѓачите фрлил торба со накит и секира, кога неговиот мотор удрил во пешаци за време на бегството.

– Во таа прилика еден пешак е полесно повреден, додаде неименуван полицаец.

Накитот е пронајден меѓу остатоци од скршен излог за време на ноќното чистење.

Пет мажи синоќа со секира го скршиле прозорецот на златарницата во познатиот хотел и земале стока во вредност од над четири и пол милиони евра.

Тројца крадци беа уапсени веднаш по грабежот.

Официјалните лица сé уште работат на утврдување на точниот број на парчињата накит кои недостасуваат.

Хотелот, каде соба за едно ноќевање чини најмалку илјада евра, утрово работи вообичаено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top