вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 64 ново

Морбили на граница кон Македонија – родителите да ги заштитат своите деца

Иако во Македонија сѐ уште нема случаи на заболени од морбили, болеста забрзано се шири во нашата близина со што можностите за нејзина појава кај нас стануваат поголеми.

Ризикот од појава на мали сипаници, морбили, сѐ повеќе се зголемува, предупредуваат епидемиолозите. Во соседна Србија морбилите претставуваат се поголема закана за невакцинираните деца, но и за возрасните луѓе.

Единствена заштита од оваа болест е ММР вакцината, која е достапна во јавните здравтсвени установи само за деца.

Светската здравствена организација предупреди да се зголеми опфатот за вакцинирање за да се создаде колективен имунитет. Со зголемување на бројот на невакцинирани деца расте и ризикот за ширење на болеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top