среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 126 ново

Светот воодушевен: Пијана обожавателка се качи на сцената и и се фрли на Селин, сите занемеа како пејачката се справи со се (видео)

Обожавателка на Селин Дион го прекинала нејзиниот концерт во Лас Вегас.

Жената , под дејство на алкохол се качи на бината и почна да ја гушка и да и се нафрлува на пејачката.

На чудење на Селин, обожавателката почнала да и раскажува дека нејзиниот син имал операција и трансплантација на коскена срж и дека сака целата публика да и биде донатор.

Селин не дозволила обезбедувањето да ја тргне жената од сцена , туку и рекла дека и е мило што можела одблизу да се види со неа.

Но , тоа не било доволно. Жената не и дозволила на Селин да го продолжи концертот.

Повторно Селин почнала да зборува со неа и и рекла дека ќе се бориме заедно за нашите деца.

Потоа ја гушнала пијаната жена и и помогнала да се симне од сцената, но за тоа што следувало подоцна Селин Дион била наградена со громогласен аплауз, погледнете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top