сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 13 ново

Поради невакцинираните: Морбили се шират во Србија

Морбилите во Србија претставуваат се поголема закана за невакцинираните деца, но и за возрасните луѓе во Србија, пишува српски Блиц. Единствена заштита од оваа болест е ММР вакцината, која е достапна во јавните здравтсвени установи само за деца на возраст до 14 години, додека возрасните може да купат вакцина во приватните клиники по цена од 5.000 српски динари.

Епидемиолозите во Градскиот завод за јавно здравје во Белград предупредуваат дека и возрасните граѓани ќе се разболуваат, и покрај тоа што не се очекува нивно масовно заболување, а нагласуваат дека сипаниците можат да им ги пренесат само децата.

„Имаме искуство од Романија, дека ако се почне со набавка на вакцината кога епидемијата на морбили е веќе избиена, тогаш вакцините ќе стигнат дури по завршетокот на најсилниот бран на болеста. Каква и да е организацијата, болеста не може да се спречи со обезбедување на вакцина кога епидемијата веќе е почната. Суштината е во превентивната вакцинација на децата“ објаснуваат од Градскиот завод за јавно здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top