недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 39 ново

Кумановка 14 години земала плата со фалсификувана универзитетска диплома

Кумановската полиција поднела кривична пријава против С.Џ.Е. од село Романовце поради сомнение дека сторила кривично дело „фалсификување исправа“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Како што информираат од МВР, во текот на 1999-та година, пријавената набавила фалсификувана диплома од Софискиот универзитет „Климент Охридски“ (Бугарија) при што се стекнала со квалификација од 7-ми степен, специјалност Педагогија. Дипломата во 2000 година ја приложила како вистинска на универизитетот „Св. Климент Охридски“ – Филозофски факултет во Скопје, за нострификација, за што добила и решение за нострификација.

По ова, во 2003-та година, пријавената како вистински ги приложила фалсификуваната диплома и добиеното решение за нострификација во општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во село Романовце, кумановско, каде од 06 октомври 2003 година па до 2009-та година и биле изготвувани договори за работа со заснован работен однос на определено работно време. Во октомври 2009 година добила договор и одлука за трансформација на работен однос од определено на неопределено работно време. Со наведените дејствија пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од платите што и биле исплатени од буџетот на државата за наведениот временски период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top