вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 34 ново

Нејмар разјасни што се крие зад неговата чудна прослава која го заинтригира цел фудбалски свет

ПСЖ успеа да се пласира во полуфиналето на францускиот куп, но сепак она за што зборуваа сите медиуми во Франција по крајот на натпреварот беше необичната прослава која ја изведе Бразилецот Нејмар при постигнувањето на првиот гол во триумфот од 0:2.

Првата ѕвезда на ПСЖ беше сигурен изведувач на најстрогата казна, а откако погоди за 0:1, на крајно несекојдневен начин го прослави погодокот, ставајќи ја копачката на својата глава. Ваквата негова гестикулација предизвика навистина интересни коментари на социјалните мрежи и донесе многумина претпоставки за што точно станува збор, но откако поминаа неколку часа, самиот Нејмар се одлучи да ја расветли прославата и да открие за што се работи.

– Кој го познава Жоао Селсо Мораеш, знае на што се должи мојата прослава, а кој не го знае, може да оди по погрешниот пат. Многу честитки пријателу, те сакам, – му порача Нејмар на својот пријател кој инаку игра како десен бек, а кој всушност вчера го прослави својот јубилеен 30-ти роденден.

Откако Нејмар обелодени за што станува збор, на француските медиуми не им беше потребно многу време за да ја откријат фотографијата која инаку ја ископира ѕвездата на ПСЖ…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top