недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 44 ново

Велика Британија планира да го елиминира пластичниот отпад до 2042 година

Велика Британија планира да го елиминира целиот непотребен пластичен отпад во рок од 25 години, се очекува да соопшти денеска британската премиерка Тереза ​​Мај како дел од долгорочните планови за животната средина.

Владата сака супермаркетите да воведат полици беа пластика, и има намера да инјектирт ново финансирање во иновации во пластика, ќе наведе Меј во говорот во кој ќе бидат презентирани предлозите.

– Во годините што доаѓаат, мислам дека луѓето ќе бидат шокирани од тоа како денес дозволуваме толку многу пластика да се произведува непотребно, ќе наведе денеска Меј.

Еден милион птици и повеќе од 100.000 други морски цицачи и желки секоја година умираат откако изеле или се заплеткале во пластичен отпад. Една од три риби кои се уловени на Англискиот канал содржат делови од пластика.

– Ова навистина е една од најголемите еколошки грижи на нашето време, ќе рече британската премиерка.

Сепак, лидерите на опозицијата и активистите за заштита на животната средина брзо ги осудија предлозите како опасно недоволни укажувајќи дека не може да се чека четврт век за да се елеминира пластичниот отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top