среда, 17 јануари 2018 | Вести денес: 125 ново

Зимско издание на филмскиот фестивал „Скопје синема сити“ во Кинотека на Македонија

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City ја отпочнува новата година со својот прв настан или со т.н. Зимско издание (Winter Edition), на кое традиционално ќе репризира дел од филмовите од претходното, премиерно издание во 2017.

На 2 и 3 февруари 2018, во Кинотека на Македонија, ќе имате можност да погледнете филмови чиишто проекции беа дел од третото издание на ССС. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што го нарековме Четири годишни времиња. За секој настан ќе има посебно известување за содржините. Скопје Синема Сити, преку својата платформа, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат.

Картите ќе може да ги купите на билетарницата во Кинотека на Македонија. Резервациите можете да ги направите (по празниците, од 09 јануари) од 16-19 часот на тел: 02 306 5968. Цена на билет: 100 денари

Програма

02.02.2018 (Петок)

20.00– Kraftwerk: Pop Art (60 мин)
21.30– Лиса Жерар:Светилиште (Lisa Gerrard: Sanctuary) (90 мин)

03.02.2018 (Сабота)

20.00 – Во сеќавање на Лу Рид (Remembering Lou Reed) (60 мин)

21.30 – Дејвид Боуви на БиБиСи (David Bowie at the BBC) (60 мин)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top