недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 44 ново

Ворен Бафет: Криптовалутите немаат иднина

Познатиот милијардер Ворен Бафет не е голем оптимист кога се во прашање Биткои и останатите криптовалути. Покрај тоа што никогаш не би вложил во нив, тој вели и дека не им предвидува среќен крај.

Милијардерот и филантроп не гледа среќен крај за Биткоин или за останатите криптовалути, тврдејќи дека нивната приказна нема да заврши убаво.

„Што се однесува до криптовалутите генерално, можам да кажам дека скоро сигурно нема да имаат среќен крај“, рече Бафет во интервјуто за CNBC.

Американскиот инвеститор го поддржа неговиот долгогодишен партнер Чарли Мунгер, кој ја оцени високата вредност на Биткоин и останатите криптовалути ја оцени како „меур“ кој само чека момент да прсне.

„Не знам кога ќе се случи и како, но предвидувам дека ќе се случи падот на криптовалутите. Ако би можел да купам петгодишна претплата на криптовалутите однапред би го направил тоа, но не би се залажувал со следење на акциите на истите“, додаде тој.

Бафет не е првиот, а веројатно ниту последниот успешен милијардер кој ги критикува криптовалутите, но голем број од светските компании го охрабруваат тргувањето со истите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top