недела, 18 ноември 2018 | Вести денес: 39 ново

По 9.000 евра за Дарио, Принц, Али Бајрам, МРТ ги објави новите субвенционирани песни

Македонската радиотелевизија како носител на конкурсите за финансирање македонска музика објави нов список со примени и одбиени композиции. Пред неполни два месеца Министерството за култура најави дека ќе се укинува Законот за поддршка на домашната музичка продукција. Досега од Буџетот се потрошени 2 милиони евра.

Во првите денови од новата година, Македонската радиотелевизија (МРТ) го објави списокот со примени и одбиени композиции од последниот конкурс за музички субвенции. На фолк-интерпретаторот Али Бајрам и на поп-изведувачите Авни Аљији и Дарио Панковски државата ќе треба да им исплати по 9.000 евра за две песни кои ќе ги промовираат во наредниот период. Сите тројца се рангирани во категоријата „ѕвезди“ каде финансиската поддршка е најголема и изнесува 4.500 евра за еден рефрен (3.000 евра за звучно снимање на песната и 1.500 евра за спот). Како „врвен изведувач“ овојпат доминира Александар Ристовски-Принц кој за три нови нумери ќе добие 9.000 евра. Интересен момент во оваа категорија е што Ѓорѓи Крстевски е рангиран како изведувач на народна музика. По 3.000 евра треба да добијат Ристо Самарџиев, Кристијан Габроски и Бајрамаљи Идризи.

женскимагазин.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top