сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 13 ново

Најгрдите фармерки чинат куп пари за ништо (ФОТО)

На популарната интернет продавница Асос се продаваат фармерки од колекцијата „Black Label“ на британската модна марка „The Ragged Priest“, на кои им недостасува клучниот дел – сè освен ногавиците.

Фармерките се исечени ведбаш над препоните, а со ногавиците се спојуваат со метални синџири. Значи, ако ги облечете, за 5200 денари (75 фунти) задникот ќе ви биде на ачик.

„Додаваат карактер на вашиот стил“, стои во описот на фармерките со карактер, кои само што се појавија во понудата на Асос, станаа хит на Твитер.

„речете дека сум старомодна, но сакам фармерки со парче за газот“, „75 фунти за да ти испадне онаа работа?“, „Престара ли сум?“, коментираат на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top