вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 34 ново

Вучиќ: Нема да има предвремени парламентарни избори

Српската напредна партија (СНС) нема да иницира распишување на предвремени парламентарни избори, одлучило партиското претседателство, а соопшти партискиот лидер и актуелен претседател на Србија, Александар Вучиќ.

По завршувањето на седницата на претседателството, Вучиќ се заблагодари што го поддржале неговиот став дека државниот и националниот интерес е поважен од партискиот. Тој истакна дека донеле одлука со сета своја сила, решителност и храброст да се борат за победа на престојните избори за локалните власти во Белград.

– Не беше поддржано одржување на предвремени парламентарни избори и покрај фактот што на самата расправа имаше еднаков или нешто поголем број лица кои беа за распишување вонредни парламентарни избори, нагласи Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top