петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 93 ново

Во ноември се зголемиле продажните цени на индустриските призводи

Во ноември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0,4 проценти на месечно ниво, а за 3,8 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во ноември во однос на октомври лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 5,4 проценти, во секторот „преработувачка индустрија“ за 0,1 процент, a во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 2,6 проценти.

Во ноември лани во споредба со ноември 2016. продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење на камен“ за 23,4 проценти, во секторот „преработувачка индустрија“ за 2,6 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 0,5 проценти.

На странските пазари, пак, во ноември минатата година продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за еден процент на месечно ниво, а за 6,5 проценти на годишно ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top