сабота, 21 јули 2018 | Вести денес: 13 ново

Бокс пресметка на теренот во Торонтo, малку фалеше да дојде и до втора тепачка (видео)

На натпреварот помеѓу Торонто и Мајами во кој ноќеска гостинот славеше минимално со 90-89, дојде до физичка пресметка помеѓу центрите на двата тима Серж Ибака и Џејмс Џонсон.

На почетокот на третата четвртина, двајцата кошаркари си разменија по неколку удари поради што веднаш беа исклучени.

Ова не беше единствен инцидент на дуелот помеѓу Репторс и Хит. По завршувањето на дуелот вербално се судрија Демар Дерозан и Горан Драгиќ, а соиграчите спречија и нивната расправија да прерасне во тепачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top