недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 3 ново

Од завеаните Алпи во Швајцарија со хеликоптер спасени 400 заробени туристи

Од околу 13.000 туристи досега 400 се префрлени со хеликоптер на безбедно, откако беа заробени во снежната бура која се случи во швајцарскиот ски-центар Зермат. Туристите со хеликоптер биле префрлени во селото во близина.

Полициски службеник во Зермат соопштил дека хеликоптер и денес ќе ги пренесува туристите кои сакаат да го напуштат местото.

Се очекува подоцна во текот на денот да биде делумно отворена железничката пруга која води од Зермат.

Локалните службеници истакнуваат дека никој од туристите не е во опасност и дека ситуацијата е мирна. Се наведува дека многу улици се веќе исчистени, а кафулињата се отворени.

Полицијата пред два дена ги затворила патиштата кои водат до таа област, а подоцна биле откажани и железничките линии.
Скијањето и планинарењето во таа област, оддалечена на околу 120 километри источно од Женева, е забрането.

Одлуката да се блокира пристапот до ски-центарот била донесена откако имало предупредување на максимален ризик од лавина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top