петок, 20 април 2018 | Вести денес: 93 ново

Ѓоковиќ: Убаво е што се враќам, поминав низ тежок период

Поранешниот светски рекет број еден. Новак Ѓоковиќ, оствари победа над Доминик Тим на егзибицискиот тениски турнир во предградието на Мелбурн, Кујонг, во првиот меч по паузата поради повреда.

Ѓоковиќ беше задоволен од прикажаното и се заблагодари на сите кои му даваа поддршка изминатиот период.

– Убаво е што се враќам на теренот и во Австралија. Поминав низ тежок период. Повредата е најголемиот противник за секој спортист. Се направив за да закрепнам. Поминаа шест месеци од мојот последен натпревар, ова не е официјален турнир, но се уште е натпревар, се уште играме на резултат. Благодарам на публиката која не поддржа – истакна Ѓоковиќ.

Србинот имаше пауза од точно 191 ден. Тој по прикажаното на мечот со Тим (6-1 и 6-4) верува дека подготвено ќе го дочека стартот на „Австралија опен“, првиот годинашен гранслем-турнир кој почнува в понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top