недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 38 ново

Андријана Будимир сака да биде ракометен селектор на машка репрезентација!

Андријана Будимир, поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, со кој стана европски првак, сака да биде селектор на машка репрезентација.

Будимир која сега работи со млади категории во нејзината приватна школа, што е дел од семејството Вардар, во интервју за српските медиуми говори за тешките моменти низ кои поминала во времето кога била активна ракометарка, за тренерскиот предизвик, како и за идните планови.

– Имам желба да водам машка репрезентација. Би била првата жена во светот на која би и успеало такво нешто. Искрено, најмногу ми лежи да работам со деца. Имам голема почит од нив. Убаво ми е кога работам со нив. Чувствуваат дека ги почитувам и ги сакам, како и тие мене, но сето тоа треба да се заслужи – вели Будимир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top