петок, 20 април 2018 | Вести денес: 3 ново

Претприемачка околина за креативна младина

Здружение „ИНВЕНТИВНОСТ“ од Радовиш, во соработка со партнерите Фондација за културен и интелектуален развој “Оптимист“ од Гоце Делчев Бугарија, го имплементираат проектот “Споделена претприемачкa околина за креативна младина”, финансиран од ЕУ од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македнија – Бугарија.

Главна целна група на проектот се млади луѓе од прекуграничниот регион. Спроведувањето на проектот е насочено да помогне за надминување на најсериозните слабости на прекуграничниот регион во областа на младинското претприемништво како што се: високиот процент на невработеност на младите, недоволна поддршка и миграција на младите кон други земји.

Со имплементацијата на проектот спроведени се следните активности:

– Кампања за подигнување на јавната свест
– Развој на заеднички методологија за ангажирање и градење на капацитетите на младите
– Имплементација на методологијата за споделена претприемачка околина
– Ангажирање на идните co-working корисници со менторска поддршка
– Поттикнување на претприемачки настани во Струмица и во Гоце Делчев.

Во рамките на проектот опремени се две работни простории (во Радовиш и во Гоце Делчев), за младите со бизнис идеи од креативните индустрии. Младите, во заедничкиот работен простор во текот на септември и октомври користеа обуки и менторска поддршка за стекнување на вештини за управување со мал бизнис од врвни експерти.

Во ноември 2017 година на завршни настани во Струмица и Гоце Делчев – Бугарија, ги претставија своите креативни бизнис идеи пред претставници на бизнис секторот, финансиските и државните институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top