недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 11 ново

И Кери знае да згреши: Сара Џесика Паркер разочара со изгледот на „Златните глобуси“

Сара Џесика Паркер ја продолжува низата на лош избор на фустани на доделувањето на престижните награди „Златни глобуси“.

Дамата која важи за една од најубаво облечените тв-ѕвезди, но во последно време има неколку утки кои критичарите не и ги забораваат.

xxx arrives for the 74th Annual Golden Globe Awards at Beverly Hilton hotel in Beverly Hills

Минатата година нејзиниот балски фустан на Вера Ванг, односно венчаница наиде на остри критики. Оваа година Паркер изледаше испиено, старо и безживотно. Носеше креација на Долче и Габана која изгледаше дека е преголема за актерката, а за шминката коментарите беа дека таа личи на „пропаднат стар руски боксер“, „бугарска пејачка пред крај на кариерата“ или како „женска верзија на Џокер“.

Така, Паркер доби слаба тројка за вкупниот изглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top