вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 36 ново

Кејт Бланшет претседател на жирито на Канскиот фестивал

Австралиската актерка Кејт Бланшет, добитничка на две награди Оскар, ќе претседава со жирито на 71. Меѓународен филмски фестивал во Кан, што се одржува од 8 до 19 мај, соопштија организаторите.

Блашнет е една од предводничките на борбата против сексуалното вознемирување. Таа заедно со актерките Натали Портман и Мерил Стрип ја формираа Фондацијата „Готово е“ (Time’Up) за помош на жртвите од сексуално злоставување.

Австралиската актерка е 12. жена која ќе претседава со жирито на Канскиот фестивал, четири години по новозеландската режисерка Џејм Кемпион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top