понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 49 ново

„Златната канта“ за Габигол

Младиот бразилски наапаѓач Габриел Барбоса, во светот на фудбалот познат како Габигол, е прогласен за најлош играч во минатата сезона во Серија А. Интер, чиj член е Габигол, со месеци се обидуваше да го донесе овој напаѓач, а тоа му успеа во август 2016 година кога му плати на Сантос 30 милиони евра.

Бразилецот не пружи тоа што од него очекуваа во Интер, одигра само 111 минути во Серија А и постигна еден гол. Поради тоа го доби трофејот „Златна канта“.

Поради лошата сезона што ја имаше, Интер реши да го позајми во Бенфика, но и во Лисабон повеќе е на трибините отколку што игра. Во досегашниот дел од сезоната има одиграно само 164 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top