вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 62 ново

Супата е новото смути

Во 2018 година протеините повторно го добиваат заслуженото место, а супите ќе станат новите смути напитоци.

Кои се диетите со кои ќе слабееме во 2018 година?

Супата е новото смути

Според Пинтерест, сите ќе ги замениме шејковите и смутито со супи.

Голем дел од консументите веќе се радуваат на оние во готови ќесички кои нудат многубројни вкусови, чиј калориски процент е прилично низок, а се подготвуваат лесно и брзо.

Ние сепак сметаме дека е најдобро да си подготвите домашни супи со повеќе зеленчук и месо, а помалку резанки.

Кетогенска диета

Според многумина контроверзна, според некои пак магичната кето-диета е сконцентрирана главно на протеини, а ги исклучува јаглехидратите, скробот и шеќерите, вклучувајќи го и овошјето.

Слободно може да јадете пилешко и други видови месо, риба, јајца и посно сирење.

Се препорачуваат многу свежи салати од зеленчук кој расте над земјата заради полесно варење на храната, многу здрави масти како јаткасти плодови, маслиново масло, авокадо и многу течности – вода и зелен чај.

Телото започнува да согорува масти, наместо јаглехидрати. Се препорачува да не се надминува дневната доза од 50 gr јаглехидрати за успешни резултати.

Протеинска вода

Кога веќе имаме протеински оброци, ужини и шејкови, логично беше да си го најдат местото и во глобално најконсумираниот напиток – обичната вода за пиење.

Најновиот изум е т.н. протеинска вода со повеќе различни вкусови, како кокос, малина, итн..

Секое шишенце содржи само 86 калории и неверојатни 0,2 gr шеќери, а од друга страна количината на протеини е запрепастувачки висока – 20 gr протеини во шишенце вода.

Одлична алтернатива за напитоците кои даваат енергија пред и по вежбање, а не содржи огромни количини шеќер.

Неконтинуирано постење

Придобивките од т.н. неконтиунирано постење (анг. intermittent fasting) се и повеќе од очигледни и вклучуваат многу повеќе од губење на вишокот килограми.

Овој начин на исхрана се поврзува со регулирање на шеќерот во крвта, намалување на воспалителните процеси и зголемување на когнитивните функции.

Како функционира? Најпознатиот метод е планот 16:8, кој се состои од 16 часа пост и 8 часа во кои смее да се јаде во периодот од 12 часот напладне до 20 часот навечер.

Ова резултира во намалување на нивото на инсулин (што значи дека ќе согорувате повеќе масти), но 16-часовниот пост со нејадење значи дека ќе консумирате и многу помалку калории.

Анти-воспалителни диети

Наполнете го фрижидерот со свеж ѓумбир, брокула, лосос, домати. Снабдете се со ореви и многу куркума, боровинки и аронија…

Листата со здрави намирници продолжува понатаму, согласно вкусовите.

Сите кои сакаат да се исхрануваат здраво, да го зајакнат имунитетот и да го подобрат метаболизмот, треба да вклучат продукти кои се анти-воспалителни и првенствено имаат цел да го излекуваат организмот.

извор: Црнобело

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top