понеделник, 22 јануари 2018 | Вести денес: 2 ново

Јавноста револтирана: „Бланка, ти си една безвредна актерка!“ (фото)

Иако пораката за црвениот килим на 75-то доделување на наградите „златен глобус“ беше јасна, а тоа е сите жени да облечат црнина поради сексуалните престапи на продуцентот Харви Вајнштајн (65), како поради и проблемите на сексуално злоставуваните жени генерално, актерката Бланка Бланко (36) одлучи да ја игнорира пораката.

Американката се појави во провокативен црвен фустан, кој ги открива нозете и деколтето. Со тоа ги разочара обожавателите, кои јавно ја нападнаа на социјалните мрежи.

„Бланка, ти си една сосема небитна актерка и го направи ова само за да привлечеш внимание. Оваа ноќ не беше само за тебе, туку за милиони жени“, е еден од коментарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top