вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 32 ново

Горецка одлучил каде ќе ја продолжи својата кариера

Членот на бундеслигашот Шалке, Леон Горецка, донесе одлука околу својата иднина и го одбра клубот во кој ќе ја продолжи кариерата.

За германскиот репрезентативец имаше интерес повеќе европски гиганти (Ливерпул, Јувентус, Јунајтед…), но тој одлучил да остане во својата земја и да го одбере Баерн Минхен.

Оваа информација ја објави реномираниот „Билд“ што пак се поклопува со ексклузивата на шпанска „Марка“ дадена во последниот ден од минатата година по што се појавија одредени деманти дека се уште нема донесено конечна одлука. Меѓутоа по се изгледа таа информација на „Марка“ била точна, па сега се очекува Горецка да ја објави и официјално оваа одлука во наредните денови и тоа откако Шалке ќе го заврши зимскиот камп во Бенидорм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top