сабота, 20 јануари 2018 | Вести денес: 55 ново

Потпишан договор со најголемата азиска обложувалница: Милан доби моќен спонзор

Најголемата обложувалница во Азија „V Win“, денес потпиша повеќегодишен договор со фудбалскиот клуб Милан. Како што се наведува во соопштението, обложувалницата ќе му биде регионален партнер на Милан и ќе сроведува маркетинг кампањи во Азија.

– Возбудени сме бидејќи ќе соработуваме со Милан. Очекувам капмањата да биде успешна за двете страни. Со нетрпение чекаме да видиме што ќе донесе иднината, рекол оперативниот директор на оваа компанија.

„V Win“ е првата компанија која стана регионален партнер на Милан во Азија, што преставува прв чекор во развојот на стратегијата за освојување на пазарот на овој континент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top