четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 83 ново

Доделувањето на Златните глобуси во знак на борбата против сексуално злоставуавњe

Силни пораки и говори за единство доминираа синоќа на 75. доделување на Златните глобуси, прво доделување награди во Холивуд по сексуалните скандали што ја погодија филмската индустрија, а филмски ѕвезди во знак на поддршка за жртвите носеа црна облека. Најголеми добитници на Златните глобуси, американски филмски и телевизиски награди за 2017 година беа филмот „Три плакати вон градот“ и серијата „Мали големи лаги“.

Опра Винфри доби награда за животно дело.

Филмот „Три плакати вон градот“ освои вкупно четири Златни глобуси. „Мали големи лаги“, триумфираше во Глобуси за најдобра мини серија. Речиси сите учесници на вечерта беа облечени во црно по повик на актерки и органзиацијата Тајмс-ап за жртвите за финансирање одбрана на жртвите на сексуално злоставување на работно место.

Филмската драма за тероризмот In the Fade (Aus dem Nicht) на германскиот режисер од турско потекло Фатих Акин, доби награда за најдобар филм на странски јазик.

Најдобар драмски филм – “Tри плакати вон градот”

Најдобра комедија или мјузикл – “Lady Bird”

Најдобра драмски актер – Гери Олдман – “Darkest Hour”

Најдобра драмска актерка – Франсис Мекдоманд – “Tри плакати вон градот”

Најдобра актер во комедија или мјузикл-  Џејмс Франко – “The Disaster Artist”

Најдобра актерка во комедија или мјузикл- Саорис Ронан – “Lady Bird”

Најдобар режисер – Џилермо дел торо – “Обликот на водата”

Најдобро сценарио – Мартин Мекдонаг ­ “Tри плакати вон градот”

Најдобар спореден актер – Сем Роквел­ “Tри плакати вон градот”

Најдобар анимиран филм – „Коко и големата тајна“

Најдобар странски филм – „In the Fade “(Aus dem Nicht) – Германија/ Франција

Најдобра драмска серија – „Приказната на слугинката“

Најдобра тв ­комедија или мјузикл – “The Marvelous Mrs. Maisel”

Најдобар актер во ТВ ­комедија или мјузикл – Азиз Ансари ­ “Master of None”

Најдобра актерка во ТВ­комедија или мјузикл – Ракел Брошана ­ “The Marvelous Mrs. Maisel”

Најдобра мини серија – „Мали големи лаги“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top