вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 83 ново

Манчестер Јунајтед доби конкуренција, Јувентус се вклучува во трката за Озил

Иалијанскиот шампион со се изгледа ја договори соработката со германскиот интернационалец Емре Џан, кој на лето ќе потпише договор како слободен агент, со оглед на тоа дека му истекува ангажманот во Ливерпул. Но, раководството на Јувентус ќе се обиде да направи уште поголем трансфер, носејќи го Месут Озил во Торино.

И нему му истекува во јуни договорот со Арсенал, а Јуве е мајстор за ангажман на фудбалери кои доаѓаат во клубот како слободни агенти.

Првичните контакти со Месут Озил се веќе остварени, но Јувентус има жестока конкуренција во Манчестер јунајтед, кој исто така го посакува Германецот во своите редови. Арсенал му понуди на Озил да остане на „Емирати“, но засега нема договор меѓу двете страни, што најавува дека тој најверојатно ќе си побара нова фудбалска средина каде ќе ја продолжи кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top