вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 62 ново

Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)

Реал Мадрид не успеа да ја победи незгодната екипа на Селта Виго и по ремито 2-2 на „Балаидос“ дополнително се оддалечи од лидерот Барселона.

Домаќините уште од почетокот најавија дека нема лесно да се откажат од бодовите, а водството го донесе Вас во 33. минута со атрактивен лоб за кој Навас немаше решение. Сепак, следуваше експресен одговор, па на спротивната страна Бејл доби две одлични асистенции и за нецели три минути постигна два гола за целосен пресврт.

Во вториот дел, најпрвин Селта не реализираше пенал, односно Навас го одбрани ударот на Аспас, за во 82. минута Гомез да ги постави конечните 2-2 во Виго.

По ова реми, Реал заостанува 16 бодови со натпревар помалку зад Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top