вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Расколот во Беса кулминирал со полициска пријава: На претседателот Касами не му било дозволено да влезе во седиштето на партијата

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами пријавил во полиција дека не може да влезе во партиското седиште, откако вчера беше разрешен на состанокот на скопскиот огранок. Касами синоќа околу 23 часот во полициската станица во Бит пазар пријавил дека непознати луѓе од агенција за обезбедување го спречиле да влезе во партиската канцеларија во Мавровка. Тој три часа бил спречен да влезе во просториите на партијата од страна на членови на обезбедување, кои не ги познавал.

Зад Касами стои тетовскиот огранок на партијата, кој вчера одржа паралелен состанок на кој беше одлучено на 24 февруари да се одржи првиот конгрес на партијата, на чие чело дотогаш да биде Касами. Тие денеска одржаа прес-конференција во Тетово, на која порачаа дека Беса ќе остане да се бори во политичката битка, а неодговорните луѓе да ги тргнат рацете од оваа партија.

– Беса ќе продолжи со својата политичка битка, во интерес на Албанците и другите граѓани во Македонија. Не можеме да останеме рамнодушни на пратеникот Неџмедин Карајмани и бараме да ги почитува законските органи како и легитимниот претседател Биљал Касами. Апелираме до неодговорните луѓе, кои на незаконски начин сакаа да и наштетат на Беса, што побргу да се повлечат од ѓаволската игра. Ќе се преземат сите законски и политички мерки против секој што не ги почитува сите институции, рече претседателката на Форумот на жени на Беса од Тетово, Хатије Етеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top