среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 93 ново

Без мајка ми, вчера ми беше најтажниот Бадник

Пејачот Јоце Панов вчера, на Бадник ја промовираше својата најнова песна, „Кога те нема“, посветена на неговата почината мајка. Ова е прв Бадник на Јоце без неговата мајка Василка која почина минатата година.

„Ова ми се најтажните, најтешки празници досега“, вели пејачот, кој за Бадник и Божик секогаш бил дома во Штип, со семејството.

Песната „Кога те нема“ решил да ја промовира токму сега, зашто сакал да го задржи споменот на мајка си, а тоа што го чувствува за неа, и емоциите што ги имал додека ја пишувал да ги подели со публиката.

„Секогаш моите нови песни ги објавувам со големо задоволство, ама оваа песна ја објавувам со голема тага, но во исто време и гордост за мојата најмила мајка. Сите ние во текот на животот губиме некого кој многу ни значи. Се надевам дека песнава ќе допре до сите вас“, вели Панов.

Песната е работена со Блаже Темелков, Дарко Тасев, Дарио Јанкович и Љупчо Павловски.

„Им благодарам што имаа огромно срце и ми ја подарија оваа песна и нивниот труд како поклон. Ви благодарам добри луѓе“, рече Јоце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top