вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 32 ново

Јаховиќ распали на социјалните мрежи, голгетерот ги прозва Ангеловски и ФФМ: Почастете се со мојата премија од Италија и Лихтенштајн!

Игор Ангеловски и Куќата на фудбалот во нашата земја се најдоа на „тапет“ кај еден од најдобрите напаѓачи во најсилниот турски фудбалски шампионат.

Искусниот македонски напаѓач од редовите на турскиот Суперлигаш Гезтепе, 30 годишниот Адис Јаховиќ за момент се повлече од репрезентацијата на Македонија, откако не доби прилика за настап а беше повикан

Тој на социјалните мрежи го прозва селекторот Игор Ангеловски како и Фудбалската Федерација на Македонија, прашува зошто не ја добил премијата од 1,500 евра за натпреварите со Италија (1-1) во Торино, како и Лихтенштајн (4-1) во Струмица, иако бил во составот на нашиот национален тим, додавајќи дека можат да се почастат со неговата премија.

И на двата последни меча од квалификациите за Мундијалот во Русија, голгетерот на Гезтепе беше во составот на нашиот национален тим, но истите ги проследи од клупата за резервни фудбалери, не доби прилика за настап иако игра во животна форма во последниов период.

Тоа што не доби прилика за настап го налути нашиот интернационалец по што реши повеќе да не игра повеќе за Македонија.

Моментално, Јаховиќ со 14 погодоци е на делба на првото место на листата на стрелците во турската Суперлига заедно со Бафетимби Гомис од Галатасарај и Бурак Јилмаз од Трабзонспор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top