вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 107 ново

Случајно ги „издрогирала“ децата и внуците за Божик

Кога седум членови на едно семејство се собрале за божикен ручек во Чешка, никој од нив не очекувал дека во следните неколку часа ќе повраќа и ќе има халуцинации.

Тајната била во една од состојките која се нашла на божикната трпеза.

Ова семејство во чешкиот град Вратимов за Божик јадело печена патка, а само еден од нив не завршил во болница со симптоми на вртоглавица, гадење и халуцинации.

Четири возрасни личности, на возраст од 37 до 71 година, и две деца, од три и шест години, биле одведени во болница со претпоставка дека се отруле од јаглерод моноксид.

После потрага во домот не било пронајдено истекување на гас, па почнале да се сомневаат во храната која членовите на семејството ја консумирале.

На крај сфатиле дека бабата, користела канабис како зачин во храната.

Марихуаната ја користела во медицински цели и поради тоа таа била единствената која се чувствувала добро после ручекот.

Чешката полиција потврди дека бил отворен кривичен предмет поради „подготовка на недозволени дроги“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top