вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 34 ново

Домашен лек кој лекува бронхитис

Доколку имате проблем со хроничното кашлање и борнхитис ние ви даваме решение со само две состојки и тоа благодарение на моќните состојки на медот и бананите, оваа домашна смеса ќе ви помогне да се ослободите од воспаленото грло, кашлање, па дури и стомачните проблеми

Состојки:

– 400 милилитри врела вода

– 2 банани кои имаат црни точки на лушпата

– 2 лажички мед

Подготовка:

Излупете ги бананите и згмечете ги со вилушка или лажица. Подобро би било тоа да биде дрвена лажица, бидејќи од металот може бананата да потемни. Потоа бананите ставете ги во сад и додадете им ја врелата вода. Оставете ја смесата да одстои пола час. Кога смесата ќе се олади, додадете мед. Многу е важно медот да го ставите последен, бидејќи ако го измешате со врелата вода ќе ги изгуби своите витамини.

Како се применува:

Од овој напиток пијте 4 пати дневно по 100 милилитри. Оваа количина на состојки е доволна само за еден ден, а наутро направете нова. Првите резултати ќе ги забележете за пет денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top