вторник, 23 октомври 2018 | Вести денес: 80 ново

Утре ќе паѓа снег

Ноќеска од запад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат претежно од снег и кои ќе бидат пообилни на југозапад. Во котлините вдолж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на југоисток само од дожд. Повеќе врнежи ќе има во вториот дел од ноќта, кога врнежите од снег повремено ќе засилуваат.

Утре во утринските и претпладневните часови ќе имаме врнежи кои ќе бидат претежно од снег и кои ќе бидат пообилни на југозапад. Врнежите од снег повремено ќе засилуваат. Во западните делови ќе се формира снежна покривка, помала по котлините, а на планините ќе достигне околу 10 сантиметри. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер.

Утре дневните температури ќе се движат од 1 во Маврово, 4 степени во Берово, Охрид 6, Скопје 9 до 11 Целзиусови степени во Дојран.

Врнежите до пладне ќе престанат. Утре ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, по котлините и по речните долини со појава на магла и ниска облачност, прогнозира УХМР Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top