петок, 20 април 2018 | Вести денес: 67 ново

Путин: Моето семејство позајмуваше пари од соседите

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека неговите родители пред 50 години морале понекогаш да позајмуваат пари од други луѓе, но дека сепак можеле да си дозволат телевизор, на кој гледале хокеј натпревари на Советскиот тим.

Путин тоа го изјавил гостувајќи во јубилејното издание на ТВ дневникот на „Времја”, кој на Првиот канал на руската државна телевизија почнал да се емитува на вчерашен ден пред 50 години.

– Не бевме богати, но имавме телевизор, како и нашите соседи. Моите родители живееја од плата до плата и понекогаш позајмуваа пари од други луѓе, но сепак можеа да си дозволат да купат телевизор – рекол Путин одговарајќи на прашањето за старите ТВ емисии кои уште ги памти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top