вторник, 23 јануари 2018 | Вести денес: 128 ново

Хит-фризура за 2018 година

Покрај иновативните техники за бојадисување на косата, косата со должина до раменици е хит-фризурата за 2018. Прамените кои паѓаат благо на рамениците, со должина измеѓу краткиот боб и нешто подолгите прамени на популарната лоб-фризура веќе се популарни и меѓу бројни трендсетерки.

Оваа тренди фризура подеднакво добро им стои како на оние кои имаат виткана коса, така и на оние со права, и тоа без разлика дали станува збор за овално лице или лице во форма на срце или круг.

Покрај тоа станува збор за крајно практична фризура која воедно остава и доволно простор да си поиграте со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top